
Интер на пат да си ја уништи сезоната: Рома им ја продолжи агонијата на „нераѕурите“ (ВИДЕО)
Со тоа му даде можност на Наполи, со евентуално реми или победи вечерва против Торино да го преземе врвот на табелата во италијанското првенство, на четири кола пред крајот на сезоната. Кризата на „нераѕурите“ доаѓа во најлош можен момент, тимот беше во игра за тројна круна, а откако испадна од Копа Италија, можно е да останат со празни раце.
Единствениот гол на „Џузепе Меаца“ го постигна Суле во 22. минута, а Интер во натамошниот дел од мечот иако создаде голем број шанси, не успеа да го совлада противничкиот голман. Рома сега има големи шанси да се избори за местата кои водат во Лигата на шампионите, особено ако се знае дека игра во одлична форма од доаѓањето на Клаудио Раниери.
Во последните четири кола, Интер игра против Верона и Лацио на домашен терен и на гости кај Торино и Комо.