Дарио Ивановски победи на полумаратон во Дубровник со рекорд на патеката

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски триумфираше на полумаратонската трка во Дубровник, Хрватска и тоа се рекорд на патеката.

Ивановски запиша уште еден успех во својата кариера, прв го заврши полумаратонот во Дубровник.

Патеката од 21 километар ја мина за 1.08,02 што претставува и нов рекорд на патеката во овој хрватски град.

На втората позиција Жељко Кота од Хрватска (1:14.26), пред третопласираниот Јакуб Галасиевич од Полска (1:15.21).