Милан победи во Венеција, надежта за Европа уште е жива! (ВИДЕО)

Милан со 2-0 победи на гостувањето кај Венеција, Комо со 1-0 славеше на домашен терен против Џенова во првите мечеви од Серија А денеска.

Росонерите преку финалето од Купот на Италија може да обезбедат место во Европа, но останува надежта дека тоа може да го направат и преку лигата, иако уште се далеку од такво нешто. Сепак денешната победа ги остава во игра.

Натпреварот беше отворен со гол на Пулишиќ постигнат уште во петтата минута од натпреварот.

Во тој момент се чинеше дека тоа е почеток на голеада во Венеција, но беше постигнат само уште еден гол.

Тој се случи пред самиот крај кога Санти Хименез со лоб реализираше за конечни 2-0 за росонерите.

Комо со 1-0 ја победи Џенова благодарение на гол на Стрефеца во 59. минута.