Прва победа за Алекс Маркез во кралската класа од Мото ГП!

Братот на Марк Маркез, Алекс се израдува на својата прва победа во највисоката класа на Мото ГП, тој прв ја мина целта на трката за Големата награда на Шпанија.

Марк Маркез кој вчера победи на спринтот, лошо ја почна денешната главна трка. Но по лошиот старт кој го имаше, успеа да го престигне својот брат, сепак во продолжението направи голема грешка и излета од патеката.

Беше јасно дека со падот ги загуби шансите за добар пласман, но тој се врати и ја заврши трката на 12. место.

За разлика од него, неговиот брат Алекс Маркез оваа трка засекогаш ќе ја памети. Тој откако вчера го освои второто место на спринт трката, денеска победи на главната трка. Ова за него е прва победа во Мото ГП.

Алекс имаше фантастично возење, прво го стигна Бањаја, а после неколку круга го мина и Квартараро и во мирна завршница прв ја мина целта.

Место на подиумот имаше и за Квардараро и Бањаја, четврти беше Маверик Вињалес.

По падот на Марк, сега Алекс ја зема првата позиција во генералниот пласман со еден бод повеќе од својот искусен брат.