Јамал: Не е проблем колку голови ќе примиме, Реал не може да нѐ победи сезонава

Иако уште не е полнолетен, Ламин Јамал го освои четвртиот трофеј во кариерата и трет во кој имаше голем придонес.

По Ла Лига, Суперкупот и Европското првенство, во неговата колекција влезе и пехарот од Копа дел Реј и за неговото освојување имаше голем придонес, со две асистенции. Јамал дури в јули ќе наполни 18 години, а дотогаш може да ги освои титулите и во шпанското првенство и Лигата на шампионите. По синоќешното драматично финале, тој го потенцира фактот што Барселона сезонава се уште не е поразена од Реал Мадрид.

„Ако примиме гол, не е проблем. Ако примиме два, пак нема да има проблем бидејќи оваа сезона не можат да не победат“, рече Јамал.

На трите Ел Класика оваа сезона, Барселона славеше со вкупно постигнати 12, а примени четири гола. Синоќешниот дуел беше најтесен од сите.