Шкендија се спаси од пораз, Силекс не успеа да победи - статус кво на врвот

Водечките екипи на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија и Силекс не забележаа победи во 29. коло и ја задржаа разликата од четири бода во пресрет на последните четири круга од шампионатот.

Лидерот Шкендија треба да биде позадоволен од ваквиот развој на настаните бидејќи во дуелот со Шкупи на домашен терен имаше негатива од 1-3 по првото полувреме. Првите два гола на мечот беа автоголови, а ги постигнаа Мерџани за Шкупи и Геје за Шкендија, па по шест минути игра на семафорот стоеше 1-1. До крајот на првото полувреме Имери и Ибиши го однесоа Шкупи до предност од 3-1.

Тетовци намалија преку Ибраими вио 51. минута, а Шаља на пет минути пред крајот ѝ донесе бод на Шкендија.

Во Кратово беше далеку од толку драматични бидејќи Силекс и Струга не успеаја да постигнат ниеден гол. Домаќините притискаа со сите сили, се обидуваа да дојдат до посакуваната победа и да се доближат до Шкендија, но не успеаја во својата намера.

РЕЗУЛТАТИ
Гостивар - Работнички 1-2 (прекин)
Пелистер - Тиквеш 1-0
Шкендија - Шкупи 3-3
Силекс - Струга 0-0

ТАБЕЛА: Шкендија 63 бода, Силекс 59, Работнички 52 (-1), Гостивар 48 (-1), Струга 47, Вардар 35, Шкупи 34, Пелистер 32, Брера 27, Тиквеш 26, Беса 24, Воска 13.