
Судијата го пријави Рудигер, на Германецот му се заканува казна од 4 до 12 натпревари
Германскиот репрезентативец беше заменет на десетина минути пред крајот на мечот. но имаше помрачување во финишот по една судиска одлука, како и други негови соиграчи. Да не беа соиграчите, Рудигер можеше многу лесно да нападне некој од судиите, едвај го задржаа да не направи поголема глупост, но и вака му се заканува голема казна бидејќи судијата Де Бургос Бенгоечеа го пријави во официјалниот записник.
„Во 120. минута, фудбалерот Антонио Рудигер доби црвен картон поради фрлање предмети. По покажаниот црвен картон, тој мораше да биде запрен од членови на неговиот тим, покажувајќи агресивен став“, напиша Бенгоечеа.
За вакво однесување е предвидена казна меѓу 4 и 12 натпревари, а до крајот на сезоната во Ла Лига остануваат уште пет кола. Тоа значи дека стоперот на Реал најверојатно нема да игра во следното Ел Класико кое е на програмата на 11 мај на Монжуик, а тоа во исто време му создава дополнителни огромни проблеми на Анчелоти. Покрај Рудигер, кој ги мавал судиите со мраз со кој му беа обложени нозете, црвени картони добија уште Лукас Васкез и Џуд Белингам, а под истрага е и Винисиус. И во текот на мечот, Рудигер имаше неколку дивјачки потези кои, сепак, останаа неказнети од исплашениот Бенгоечеа.