Лудило во Бундеслигата: Унион Берлин и Штутгарт постигнаа осум гола за едно полувреме! (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар во германската Бундеслига играат екипите на Унион Берлин и Штутгарт каде што во првото полувреме се постигнаа неверојатни осум гола.

Шоуто започна уште во петтата минута кога Илиќ ги доведе домаќините во водство, а во 19-тата минута Леите се погрижи за 2-0. Потоа следуваа два гола на гостите кои преку Ундав и Милиот израмнија на 2-2. 

За ново водство на Унион се погрижи Куерфелд во 39. минтуа. Само четири минути подоцна Чабот се погрижи за 3-3 ,а за прво водство на Штутгарт стрелаше Фухрич во првата минута од судиското продолжение.

И кога се мислеше дека тоа ќе биде се од ова лудо полувреме Илиќ постигна гол за 4-4.