
Грми на „Метрополитано“: Серлот го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)
Своето шоу, напаѓачот на Атлетико го почна во седмата минута, па погоди во 10. и 11., а последниот гол го постигна во 30. минута. Хет-трик комплетира за само 3 минути и 57 секунди што е нов рекорд во шпанското фудбалско првенство. Интересно е тоа што ова не е првпат Серлот да постигнува четири гола на меч во Ла Лига бидејќи лани, како играч на Виљареал, направи таков подвиг против Реал Мадрид.
Досегашен рекордер беше уште еден играч на Атлетико, Кевин Гамеиро кој во сезоната 2016/17 против Хихон постигна хет-трик за 4 минути и 44 секунди.