
Македонија ЃП е официјално прволигаш, останатите ќе се тресат и во последното коло!
Македонија Ѓорче Петров ја оствари целта, тимот предводен од Бобан Грнчаров експресно се врати во елитата и наредната сезона повторно ќе се натпреварува со најдобрите.
Денеска ѓорчепетровци одиграа без голови против Арсими и со освоениот бод направија недостижна предност пред третопласираниот Башкими чија судбина уште е неизвесна.
И покрај тоа што е на тапет кај ФФМ, Башкими денеска пред полни трибини извојува тешка победа од 3-2 над Детонит и остана во игра за втората позиција. Има два бода зад Арсими.
За второто и третото место покрај резултатите во последното коло, клучна ќе биде и одлуката на ФФМ како ќе го регистрира мечот меѓу Кожуф и Башкими и дали ќе го казни кумановскиот тим.
Резултати 29. коло:
Арсими - Македонија ЃП 0-0
Башкими - Детонит 3-2
Беласица - Борец 1-1
Каменица Саса - Осогово 1-0
Новаци - Скопје 4-0
Охрид - Брегалница 0-1
Победа - Кожуф 1-2
Вардарски - Вардар Неготино 0-3
Табела: Македонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими 60 (-1), Брегалница 58, Детонит 43, Каменица Саса 42, Охрид 42, Беласица 40, Кожуф 36 (-1), Скопје 36, Новаци 35, Вардар Неготино 35, Победа 32, Осогово 26, Борец 14, Вардарски 11.