Серлот бомбардираше, Атлетико обезбеди пласман во ЛШ (ВИДЕО)

На три кола пред крајот на сезоната, Атлетико Мадрид официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите, 13. сезона по ред. 

Вечерва, тимот од шпанската престолнина го совлада Сосиедад на домашен терен со 4-0, а целата слава му припадна на норвешкиот репрезентативец Александер Серлот. Тој ги постигна сите четири гола на мечот и тоа во првите 30 минути игра. Почна во седмата, па во 10., 11. и 30. минута и вторпат во кариерата реализира четири гола на еден меч во Ла Лига.

Сега Атлетико има 70 бода, 13 повеќе од шестопласираниот Бетис кој уште не го одиграл натпреварот од 35. коло и му преостануваат уште четири меча до крајот на сезоната.