Следната дестинација на Елмас ќе биде - Холандија!?

Германскиот весник „Билд“ пишува дека Елиф Елмас би можел наредната сезона да настапува во холандското првенство, Ајакс веќе започнал преговори со Лајпциг.

Елмас игра одлично во дресот на Торино, но италијанскиот клуб тешко дека ќе успее да го задржи. Тие се обидуваат да ја намалат сумата која ја бара Лајпциг, а таа изнесува 18 милиони евра.

„Билд“ пишува дека Ајакс е многу загреан за Елмас, холандскиот клуб веќе ги почнал преговорите со Лајпциг за ангажман на македонскиот фудбалер, тие ја испратиле и првата официјална понуда.

Ајакс наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а набрзо се очекува и да ја завери шампионската титула во Холандија. На три кола пред крајот тие се на првото место со четири бодови пред ПСВ.