Шошкиќ промаши „пенал“ за брејк, ТФТ по продолжение го победи Работнички!

ТФТ Скопје го победи Работнички со 98-90 во драматичен меч кој беше решен по едно продолжение, тимот од Тафталиџе поведе со 1-0 во полуфиналната серија.

ТФТ водеше и со 15 поени разлика, а на крајот можеше да го загуби мечот, за нивна среќа Шошкиќ реализираше само едно од двете слободни фрлања кои ги имаше во последните секунди.

Домаќинот тргна подобро во мечот, ја добри првата четвртина со 25-16. Работнички се обидуваше да парира, но ТФТ ја одржуваше предноста, највисоката разлика ја имаа во средина на третиот период кога поведоа со 65-50.

Во тие моменти се чинеше дека победникот е решен, но така не мислеа и кошаркарите на Работнички, кои одиграа одлична последна четвртина, комплетно го свртеа резултатот и дојдоа до водство од 85-83. Сепак домаќинот ја врати предноста на 86-85, а во последните секунди Шошкиќ застана на линијата за слободни фрлања, погоди едно од двете и го однесе мечот во продолжение.

Во продолжението ТФТ беше многу подобар и на крајот дојде до убедлива победа од 98-90.

Кај ТФТ најефикасен беше Говенс со 25 поени, за Работнички Ѓуроски постигна 19.