
Синер се врати на терените со убедлива победа
Во својот прв меч, Италијанецот го победи Маријано Навоне од Аргентина со 2-0 (6-3, 6-4) за точно 100 минути игра. Во првиот сет му беше доволен брејк при водство од 2-1, а во вториот имаше фестивал од брејкови за при 5-4, Синер да одземе сервис на противниот и да дојде до победата.
Во третото коло, тој ќе игра со холандскиот тенисер Јеспер де Јонг кој направи изненадување, совладувајќи го Алехандро Давидович Фокина со 2-0.