Реми во дербито на Лисабон, Спортинг пред титула (ВИДЕО)

Бенфика ја пропушти можеби последната шанса да избие на чело на табелата во португалското првенство откако во дербито на сезоната против градскиот ривал Спортинг одигра нерешено (1-1).

Ривалите од Лисабон израмнети влегоа во овој меч, со по 78 бода, но Спортинг славеше со 1-0 во првиот меѓусебен меч и затоа вечерва му одговараше и реми. До крајот на португалското првенство останува уште едно коло и ако Спортинг во него ја победи Виторија Гимараеш, ќе ја одбрани титулата во домашното првенство.

Тринкао го отвори резултатот уште во четвртата минута и ги шокира домашните навивачи и фудбалери, па Бенфика цело прво полувреме не успеа да го најде патот кон противничкиот гол. Дури во 63. минута Актуркоглу израмни и внесе неизвесност во финишот, но до крајот Бенфика не успеа да дојде до победата.

фото: EPA PHOTO