Весино во 96. минута го спаси Лацио од пораз против Јуве, трката за ЛШ продолжува! (ВИДЕО)

Јувентус беше на прагот на голема победа на Олимпико против Лацио, но домаќините со погодок во последните моменти од средбата се изборија за 1-1.

Резултатот го отвори Коло Муани со гол по шест минути игра во второто полувреме, Јувентус поведе со 1-0.

Девет минути подоцна гостите останаа со фудбалер помалку откако Калулу заработи црвен картон поради остар старт.

Лацио тргна со сите сили во напад со цел да ја искористи предноста од играч повеќе и тоа се случи дури во 96. минута кога Весино постигна погодок за конечни 1-1.

Два две кола до крајот Јувентус и Лацио имаат по 64 бодови, едниот е на четвртото место, другиот е на петтото. Пред нив може да искочи Рома ако во ова коло слави на гостувањето кај Аталанта. Волчицата има 63 бода.