Дамите на Челси газат: Испишаа историја во Премиер лигата!

Фудбалерките на Челси станаа првата екипа што завршила сезона од 22 кола во Женската Суперлига на Англија без ниту еден пораз, откако на „Стенфорд Бриџ“ ја совладаа екипата на Ливерпул со 1-0 во последното коло од првенството.

Победничкиот гол го постигна Агнес Бивер-Џонс во првата минута од судиското надополнување, со што Челси ја заврши сезоната со 60 бодови во кои имаа19 победи и три нерешени натпревари.

Ова е шеста последователна титула за лондончанки, кои доминираа во лигата и сезонава. Второто место го освои Арсенал со 48 бодови, а трет беше Манчестер јунајтед со 44 бодови.

Иако и претходно имало екипи кои завршиле без пораз во женската лига, ниту една не успеала да го направи тоа откако првенството е проширено на 12 клуба и 22 кола, од сезоната 2019/2020.

Челси сезонава го освои и Лига купот, а има шанса за уште еден трофеј бидејќи на 18 мај ќе игра против Манчестер јунајтед во финалето на ФА купот.

Во Лигата на шампионите, Челси беше елиминиран во полуфиналето од Барселона и во тој двомеч фудбалерките на лондонскиот клуб ги забележаа единствените два порази сезонава.

Фото: Chelsea Football Club/FB