Стоичков со една фотографија од Јамал го „закопа“ Реал (ФОТО)

Голем број легенди на Барселона денеска беа присутни на Олимпискиот стадион за да го гледаат во живо последното Ел Класико за оваа сезона, а оние кои не беа таму, со големо внимание го проследија мечот преку телевизиските екрани.

Меѓу нив и легендарниот освојувач на Златната топка, Христо Стоичков кој иако во еден период од кариерата имаше проблеми во Барса, остана верен фан на каталонскиот клуб. По мечот, тој објави една фотографија на својот профил на Инстаграм со која неверојатно го понижи Реал.

На фотографијата е Ламин Јамал во својата карактеристична поза кога слави голови, но Стоичков „објасни“ што значат гестикулациите со прстите во моментов: бројот на титули на Барса оваа сезона (3), бројот на титула на Реал (0) и победите на Барса во Ел Класико (4).

„Цел свет виде кои се вистинските галактикоси. Екипа која заслужува да биде шампион. Четири меча, 16 гола. Да живее Барса“, напиша Стоичков.

Неговата објава предизвика огромна еуфорија кај навивачите на Барселона кои го сосипаа со комплименти во коментарите.