Фудбалот доби нови ривалство: Јамал станува кошмар за Мбапе!

Килијан Мбапе можеби ја игра најдобрата индивидуална сезона во својата кариера, но ќе остане без најважните трофеи, а една од причините е тинејџерот од редовите од Барселона, Ламин Јамал.

Светот полека, но сигурно почнува да зборува за новото големо ривалство, слично на она меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Сега главните актери се Јамал и Мбапе.

Од моментот кога францускиот ас одлучи да го напушти ПСЖ и да потпише со Реал Мадрид, Јамал му „украде“ сè. Прво беше Европското првенство во Германија, каде токму тинејџерот беше херој на полуфиналето.

Потоа следеа дуелите во Шпанија, во рамки на „Ел Класико“. Барселона славеше на сите четири натпревари оваа сезона. Мбапе иако постигна пет гола на тие натпревари, сепак повторно во сенка остана зад Јамал, кој блескаше со три гола и две асистенции. Барселона во тие четири меча постигна дури 16 гола.

Нов пресметка Јамал и Мбапе ги очекува на 5 јуни, во полуфиналето на Лигата на нации кога ќе се сретнат Шпанија и Франција.

Фото: Real Madrid/Barcelona