УЕФА ги одреди судиите: Романец ќе биде главен во финалето на ЛШ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги соопшти имињата на судиите кои ќе ја имаат честа да ги водат финалните натпревари во трите европски клупски натпреварувања, Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Главен судија во финалето од Лигата на шампионите каде што ќе се сретнат Интер и Реал Мадрид на 31 мај ќе биде Иштван Ковач од Романија. Нему ќе му асистираат сонародниците Михај Марика и Ференц Туњоги. Четврти судија ќе биде Жоао Педро Силва Пињеиро од Португалија, додека резервен помошник ќе биде Бруно Мигел Алвеш Жезус, исто така од Португалија.

За ВАР ќе бидат задолжени: Денис Јохан Хиглер од Холандија, со поддршка од Кеталин Сорин Попа (Романија) како асистент и Паулус ван Бокел (Холандија).

Битката за трофејот во Лигата на Европа помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем  ќе ја води Феликс Цвајер од Германија, а него ќе му помагаат Роберт Кемптер и Кристијан Диц (обете од Германија). За четврти судија е одреден Маурицио Маријани од Италија, додека резервен помошник ќе биде Даниеле Биндони, исто така од Италија. ВАР тимот ќе биде комплетно германски: Бастијан Данкерт (ВАР), Бенјамин Бранд (асистент ВАР), и Карлос дел Серо Гранде од Шпанија како ВАР-поддршка.

Во последното трето по ранг натпреварување за трофејот во Конференциската лига ќе играат Бетис и Челси, и тука лавен судија ќе биде Ирфан Пељто од Босна и Херцеговина. Негови помошници ќе бидат Сенад Ибришимбеговиќ и Давор Бељо. Четврти судија ќе биде Халил Умут Мелер од Турција, а резервен асистент Керем Ерсој, исто така од Турција. Француски тим ќе биде задолжен за ВАР технологијата и тоа составен од: Жером Брисар (ВАР), Вили Делажо (асистент ВАР) и Марко ди Бело од Италија како поддршка.

Фото: EPA PHOTO