Македонија ја загуби „битката“, Хрватска доби вајлд-карта за СП 2025

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) неодамна аплицираше за вајлд-карта за Светското првенство (СП) за ракометарки, меѓутоа немаше среќа и остана со празни раце откако Светската ракометна федерација (ИХФ) реши да го додели „билетот“ на Хрватска.

ИХФ соопшти дека добила четири барања за вајлд-карти по завршување на квалификациите, односно аплицирале Хрватска, Македонија, Литванија и Словенија.

Светската куќа на ракометот информира дека доделувањето на вајлд-картите се базира на повеќе фактори, меѓу кои се спортските резултати, влијанието врз глобалниот развој на ракометот, но и популарноста на ракометот во земјата.

СП 2025 се игра од 26 ноември до 14 декември, додека ждрепката за групите ќе се одржи на 22 мај.