Готово: Анчелоти за неполн месец ќе дебитира на клупата на Бразил!

Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, потврдено е од страна на сите инволвирани страни, објави попладнево Фабрицио Романо

Информациите се дека повеќе нема никакви дилеми, Анчелоти го избрал и стручниот штаб со кој ќе работи, а сите документи се подготвени за потпис. 

Италијанскиот стратег ќе ја напушти клупата на Реал Мадрид по крајот на сезоната и клубот ќе му приреди специјално збогување за неговата успешна ера на „Сантијаго Бернабеу“.

Анчелоти ќе започне со работа во бразилската репрезентација веќе на крајот на мај, а на клупата ќе дебитира на почетокот од јуни.

Во исто време, од Реал Мадрид се очекува наскоро и официјална потврда за крајот на ерата на Анчелоти и почетокот на нова  со Чаби Алонсо како нов тренер на „кралскиот клуб“. Шпанскиот стратег, кој со успех го водеше Баер Леверкузен, ќе се врати во Мадрид, сега како тренер.