Познати се фаворитите: Јамал е пред Дембеле во трката за „Златна топка“

Новинарот Фабрицио Романо објави листа која го покажува фаворитот за престижната „Златна топка“, а на неа води талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал.

Јамал оваа сезона игра во неверојатна форма за Барселона и ја води кон трофејот во Ла Лига, па има големи шанси да ја освои престижната награда, но конкуренција му е Осман Дембеле кој со ПСЖ веќе го освои француското првенство, а сега ќе се бори и за трофејот во Лигата на шампиони.

Во топ-5 кандидати за наградата се уште двајца фудбалери на Барселона, односно Рафиња и Педри, додека место на листата има и за Мохамед Салах од Ливерпул.