Грчкиот милијардер го објасни скандалозниот потег на мечот со Лестер (ВИДЕО)

Газдата на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис беше незадоволен по ремито на неговиот тим против Лестер (2-2) во 36. коло од Премиер лигата, со што екипата загуби бодови во трката за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Маринакис се симна на теренот и почна да се кара со тренерот Нуно Еспирито Санто, а тоа го снимија камерите, по што грчкиот милијардер реши да даде коментар.

„Денеска е ден за славење, зашто по 30 години Нотингем Форест повторно ќе игра во Европа, тоа е ветувањето кое го дадов по пласманот во највисок ранг. На два меча пред крајот, мора да веруваме и да се бориме до последен судиски свиреж. Јас, но и сите останати бевме фрустрирани од повредата на Таиво и погрешната проценка на медицинскиот тим. Тоа е природно и јасен знак за страста што ја чувствуваме кон нашата екипа“, кажа Маринакис.