
Башкими (засега) куртули, ФФМ ќе го гони само Кожуф!
Како што се наведува во соопштението постапката е отворена по досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност).
Постапка се отвора против: С. Г. - ФК Кожуф, П.Г. - ФК Кожуф, Б.К. - ФК Кожуф, Б.Д. - ФК Кожуф, Ј.П. - ФК Кожуф, К.С. - ФК Кожуф, Н.С. - ФК Кожуф, Ф.К. Кожуф;
Во писмените, своерачни изјаснувања, дел од фудбалерите посочуваат конкретни лица за кои тврдат дека дале инструкции или наредби во врска со исходот од натпреварот.
Од ФФМ истакнуваат и дека истрагата дополнително може да биде проширана
“Напоменуваме дека постапката во овој момент се однесува на наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена и на други лица и субјекти доколку во понатамошниот тек на постапката бидат обезбедени дополнителни сознанија или докази што упатуваат на нивна вклученост“, стои во соопштението.