Анчелоти враќа отпишана ѕвезда во репрезентацијата на Бразил

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти наскоро ќе го преземе кормилото на Бразил, а во репрезентацијата се очекува да врати една од поранешните ѕвезди на селекцијата.

Анчелоти планира да го врати Касемиро во составот на „кариоките“, затоа што е свесен за неговите квалитети бидејќи претходно го тренираше во Реал Мадрид.

Касемиро во моментов го носи дресот на Манчестер јунајтед за кој оваа сезона настапи на 39 меча, при што постигна пет голови и три асистенции.