Ивана Пројковска ќе биде дел од судискиот тим во финалето на женската ЛШ!

Македонската најдобра фудбалска судијка Ива Пројковска доби уште едно признание од УЕФА и ќе ја има честа да биде дел во судискиот тим за финалето од женската Лига на Шампиони.

Пројковска редовно добива задачи на највисоко ниво од Европската куќа на фудбалот, а сега е избрана за четврти судија во финалето во кое ќе се ретнат Арсенал и Барселона.

За главна судија во пресметката за трофејот е избрана Ивана Мартиниќ од Хрватска, додека ќе и помагаат нејзините сонароднички Сања Родјаки-Каршиќ и Маја Петровиќ.

Финалето на „Жозе Алвалде“ е закажаано за на 24 мај во терминот од 18:00 часот по средновропско време. За Мартиниќ кој со меѓународната значка е од 2014 година ова ќе биде прво финале како главна судијка.