Леверкузен има „специјална цена“ за Вирц која важи само за Баерн!

Баер Леверкузен во следниот период го чека реконструкција затоа што си заминува тренерот Чаби Алонсо, но и неколку ѕвезди меѓу кои се наоѓа и Флоријан Вирц.

Интересот за Вирц е голем, но во медиумите се појавија информации дека германскиот репрезентативец наводно веќе постигнал договор со новиот германски шампион Баерн Минхен.

Леверкузен е подготвен да го продаде Вирц дури и на Баерн, иако им е конкурент во Бундес лигата, меѓутоа за нив ќе важи „специјална цена“.

Поранешниот германски првак за услугите на Вирц бара 100 милиони евра, но само за клубовите од странство, додека на Баерн му постави цена од 150 милиони евра ако сака да го добие Вирц.

Фото: EPA PHOTO