
Венеција ја расплака Фиорентина и избега од зоната за испаѓање
Првиот гол падна по еден час игра на теренот, кога Венеција стрелаше за предност од 1-0. Домаќините повторно се радуваа во 68. минута кога Ористанио зголеми на 2-0, додека Фиорентина го ублажи поразот преку Мандрагора во 77. минута.
Венеција е на 17. место со 29 бодови и ја чека тешка борба со Лече и Емполи во трката за опстанок во елитата, додека Фиорентина направи чекор назад во битката за позициите кои водат во европските купови и се наоѓа на деветтата позиција со 59 поени.
Фото: Facebook/Venezia FC