Клуб од Африка наредната сезона ќе игра во втората шпанска лига

Клубот АД Сеута, од истоимениот град на северот од африканскиот континент, следната сезона ќе настапува во втората шпанска лига . Со тоа, Сеута влезе во историјата како првиот и единствен африкански клуб што ќе игра во професионална лига на европско тло.

Станува збор за клуб кој е основан во 1956 година, а низ децениите неколкупати го менувал името поради финансиски и административни проблеми. Досега во својата 58 годишна историја никогаш не играл во вториот ранг од шпанскиот фудбал.

Историскиот пласман го обезбедија со победа од 2-1 на гостински терен против Фуенлабрада, со што две кола пред крајот го безбедија првото место во Групата 2 од третата лига и така изборија директна промоција.

Градот Сеута брои околу 85.000 жители и е сместен на северниот брег на Африка, веднаш под Гибралтар, а северно од Мароко. Сеута е шпанска енклава и автономен град на африканска територија, целосно опкружена со Мароко, но политички и административно припаѓа на Шпанија и Европската унија.

Фото: AD CEUTA FC/FB