
Ракометарите ќе поделат 50.000 евра за нивниот пласман на ЕП 2026
Репрезентативците со триумфите против Естонија и Литванија ја потврдија зацртаната цел и се пласираа на големото натпреварување, а ракометарите ќе поделат три милиони денари кои ќе ги добијат за големиот успех.
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најпрво на 7 мај донесе одлука за доделување на парична награда од 1,5 милиони денари, а потоа на тоа се придодаде и Министерството за спорт кое вети дополнителна награда од 1,5 милиони денари.