Ивановски запрен во финалето од квалификациите за челинџерот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во главната фаза на челинџерот во Загреб (75), откако во изданечен меч загуби во финалето од квалфикациите против Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 7-6(1)).

Борбата на Ивановски и Башиќ траеше траеше 2 часа и 22 минути, а на крајот искусниот Башиќ беше поуспешен во одлучувачките моменти, особено во тај-брејкот на третиот сет.

Ивановски одлично го отвори мечот со брејк и водство од 2-0, но противникот брзо се стабилизира и со три освоени гема по ред направи пресврт. И покрај тоа што Калин успеа да се врати на 4-4, првиот сет сепак му припадна на Башиќ со 6-4.

Во вториот сет, македонскиот тенисер ја презеде контролата. Единствениот брејк го направи во шестиот гем и со сигурна игра го доби сетот со 6-3.

Решавачкиот трет сет започна добро за Ивановски, со брејк и водство од 5-3. Сепак, Башиќ успеа да се врати и да израмни на 5-5, а победникот беше решен во тај-брејк каде што босанскиот тенисер беше подобар.