Елмас одигра цел меч, Интер го победи Торино (ВИДЕО)

Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот меч за Торино кој на домашен терен беше поразен од Интер со 2-0.

Финалистот на Лигата на шампионите, Интер запиша нови три бода во Серија А, овојпат победувајќи го Торино.

Залевски во 14. минута го отвори резултатот, а Аслани од пенал по пет минути игра во вториот дел го постави конечниот резултат.

Елмас беше еден од најдобро оценетите фудбалери на Торино во овој меч против Интер.