
Аморим: Срам ми е кога ќе ја видам табелата!
На две кола пред крајот, тимот е на 16. место со 39 бода, 44 помалку од лидерот и нов шампион Ливерпул. Пораз во финалето од Лигата Европа ќе го комплетира очајот, но јасно е дека сите сили се насочени на тој меч против Тотнем. Аморим јасно ги нагласи приоритетите, но и призна дека не му се допаѓа актуелната ситуација.
„Мораме да почувствуваме дека е крај на светот кога нема да победиме. Ми е срам кога ќе ја погледнам табелата во Премиер лигата. За мене не е важно дали ќе ја освоиме Лигата Европа бидејќи проблемите ни се многу поголеми“, изјави Аморим.
Од доаѓањето на клупата на Јунајтед, во ноември 2024, тој претрпе 13 порази и досега има еден од најлошите биланси во историјата на клубот.