
„Попрво би играл во Втората лига на Мадагаскар отколку во Партизан!“
Американецот, кој се приклучи на белградскиот клуб во декември по пауза поради повреда, изјави дека никогаш не би играл за Партизан, дури и по цена да се пресели во Втората лига на Мадагаскар.
„Игравме против Партизан во Евролигата и едно дете ме плукаше цел натпревар. Немаше реакција од околината. Немања Недовиќ ме смири и ми рече да не реагирам. Но јас бев шокиран – тоа е до воспитувањето, не до мене. Јас никогаш не би го носел дресот на Партизан, макар требало да играм на Мадагаскар“, рече Браун.
Осврнувајќи се на односот со навивачите на Црвена звезда, рече дека љубовта и поддршката што ја добива се големи, но понекогаш и обврзувачки.
„Отидов до трговски центар и веднаш ме 'бомбардираа' со барања за фотографии. Не успеав ни да купам основни работи. Имам мал ресторан под зграда, но дури и таму нарачувам онлајн бидејќи не можам да порачам на лице место“, вели тој.
Браун истакна дека атмосферата на натпреварите на Црвена звезда е нешто што досега не го доживеал.
„Порано играв против Звезда, но кога си дел од тимот – тоа е сосема друга енергија. Салата, публиката, поврзаноста – тоа не се споредува со ништо. Навивачите си ја вршат работата феноменално“, заврши Браун.
Кошаркарот има договор на две сезони со можност за продолжување и изрази желба да остане дел од клубот и во иднина.
ФОТО: EPA PHOTO