
Тудор по ремито со Лацио им се извинил на двајца фудбалери
Хрватскиот стратег е критикуван поради измените во натпреварот кои навистина беа чудни. Прво на стартот од вториот дел го уфрли Консеисао на местото на Гонзалез, додека во 76. минута Аџиќ доби шана на местото на Коло Муани. Десет минути подоцна токму Консеисао и Аџиќ беа замени со Влаховиќ и Гати.
На прес-конференцијата Тудор призна дека одлуката била чудна, меѓутоа напомена и дека повторно би го направил истото.
„Да, одлуката беше чудна и сигурно болна за фудбалерите. Но, тоа го направив за доброто на тимот. Им се извинив на Консеисао и Аџиќ, меѓутоа не сакам да кријам, дефинитивно повторно би постапил така“, потенцираше Тудор.
Јувентус во последните две кола ќе се обиде да дојде до место кое води во Лигата на шампионите наредната сезона.
Фото: Juventus FC/FB