
Агонијата на Пакета продолжува: Одлука за Бразилецот нема ниту на повидок
Бразилецот како што стојат работите ќе ја заврши актуелната сезона во Премиеер лигата без властите да го прогласат за виновен или не.
Офанзивениот фудбалер на „чеканите“ е обвинет дека учествувал во местење натпревари во дресот на сегашниот клуб, а медиумите на Островот пренесуваат дека неговото сослушување е поместено за на лето.
Фудбалската асоцијација се сомнева дека Пакета во најмалку четири ситуации намерно добил жолт картон поради обложување на негови блиски. Во истрагата Пакета соработува и дозволи истражителите да имаат увид во неговиот телефон, но не изгледа дека наскоро ќе имаме епилог од целиот случај.
Во изминатото лето Пакета беше блиску до преселба во Манчестер сити, но веројатно и целиот случај влијаеше овој трансфер да не се реализира.
За репрезентацијата на Бразил досега Пакета одигра 55 натпревари во кои постигна 11 погодоци.