
Работнички го победи Пелистер во Битола, Феникс го среди и Гостивар!
Пелистер вторпат оваа сезона загуби од Работнички, овојпат битолчани пред своите навивачи беа немоќни пред скопскиот тим.
Почетокот на мечот наговестуваше поинаков крај, Пелистер ја доби првата четвртина со убедливи 25-19, но работите брзо се променија. Работнички заигра многу подобро во вторите 10 минути, го сврте резултатот и на полувремето замина со предност од 42-41.
Клучен беше третиот период кој Работнички го доби со 24-15 и направи недостижна предност за домаќините, конечниот резултат беше 90-83.
Рош со 18 поени беше најефикасен во составот на Работнички, Ѓуроски постигна 16. Најдобар на мечот беше кошаркарот на Пелистер, Мишковиќ кој постигна 28 поени, Гамбрел имаше 22.
Феникс е во најдобра форма од сите во моментов, денеска беа подобри од Гостивар со 89-75 и за нив ова беше шести триумф по ред.
Митревски со 21 поен беше најефикасен кај Феникс, Димитриев постигна 18, во составот на Гостивар Ѓорѓевиќ даде 21 поен, имаше и 10 скокови.