Салах конечно призна: Не се сакавме со Мане

Африканските фудбалери Мохамед Салах и Садио Мане беа одличен тандем во Ливерпул, но очигледно нивниот однос не бил најдобар.

Тоа го призна египетската суперѕвзеда во изјава откако беше избран за играч на сезоната во Премиер лигата. Мане одамна не е во Ливерпул, играше во Баерн, а сега е во Ал Наср, но Салах се присетува на периодот поминат заедно.

„Вистина е дека имаше тензии меѓу мене и Мане, но да ве потсетам дека бевме професионалци до крајот и нашиот однос никако не влијаеше на тимот. Човечки е секогаш да сакате нешто повеќе, тоа го разбирам, ние се почитувавме, но не бевме блиски и не се сакавме“, рече Салах.

Тој и Мане беа соиграчи во Ливерпул од 2017 до 2023 година, со нив заедно беше и Роберто Фирмино и тројцата заедно постигнаа 338 гола.