
Павловиќ и Јовиќ може да добијат друштво: Милан доведува уште еден Србин?
Според информациите на италијанскиот весник „Ла Република“, Милан е сериозно заинтересиран за голманот на Рома, кој би можел да биде една од главните цели во летниот преоден рок, псобено ако актуелниот прв избор Мајк Мањан го напушти клубот, со оглед на тоа што влегува во последната година од договорот.
Свилар е одличен на голот на „волчицата“, која под водство на искусниот Клаудио Раниери доживеа вистински подем. Српскиот голман има само 25 години, но сезонава веќе стигна до бројката од 18 голови без примен гол оваа сезона, бројка што го става во врвот на најсигурните чувари на мрежа во Серија А.
Сепак, неговиот договор со Рома има важност до летото 2027 година, што значи дека Милан ќе мора да издвои сериозна сума доколку сака да го ангажира. Според медиумите, оштетта која ќе ја платата „росонерите“ би можела да изнесува 40 милиони евра.