Нашиот Весели победник на „Македонски бисер“, Бугарин е најдобар странец!

Заврши 49. издание на традиционалниот боречки турнир Македонски Бисер, победник е нашиот борач, Фати Весели.

Денеска беше спуштена завесата на традиционалниот боречки турнир Македонски Бисер, а најголемата награда ја однесе Фати Весели.

За најдобар домашен борач е прогласен Реџеп Хајдари, а Георги Иванов од Бугарија е најдобриот странски борач кој е и европски шампион до 23 години.

На бисерот оваа година имаше многу интересни борби, а настапија борачи од Македонија со А и Б екипа, Бугарија, Косово, Албанија, Грција, Србија и Хрватска.