Керик пред отказ, Конте најсериозен кандидат за негов наследник

Манчестер Јунајтед наводно веќе размислува за потенцијална промена на менаџерската позиција, а како едно од можните решенија се споменува италијанскиот стратег Антонио Конте.

Поранешниот тренер на Интер, Наполи, :Челси и Јувентус се наоѓа високо на листата на желби на раководството на англискиот гигант доколку клубот одлучи да ја прекине соработката со Мајкл Керик.

Керик доби нов договор до јуни 2029 година откако минатата сезона како привремен тренер успеа да го подигне тимот и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Сепак, стартот на новата сезона донесе нови сомнежи. Јунајтед освои само четири бода во првите четири натпревари во Премиер-лигата, со една победа, едно реми и два порази. Последниот пораз дојде во градското дерби против Манчестер Сити, кој славеше со 1-0 на „Олд Трафорд“. 

И покрај лошиот почеток, Керик засега останува на клупата, а клубот во овој момент нема официјално најавено промена на тренерот. Сепак, доколку резултатите не се подобрат, притисокот врз англискиот стратег дополнително ќе се зголеми. Конте, пак, е без ангажман откако во мај го напушти Наполи, една година пред истекот на договорот. Италијанецот претходно работеше и во Јувентус, Челзи и Интер, а според пишувањата од Италија би бил заинтересиран само за проект во голем клуб кој одговара на неговите амбиции.

Интересно е што Конте во исто време се поврзува и со можна сензационална преселба назад во Јувентус, каде позицијата на Лучано Спалети исто така е под зголемен притисок по слабите резултати на стартот од сезоната.