Зидан направи „чистка“ во стручниот штаб на Франција, ќе има 23 соработници

Фудбалската федерација на Франција официјално го потврди комплетниот состав на стручниот и придружниот штаб на новиот селектор Зинедин Зидан, три дена пред објавувањето на неговиот прв список на играчи за натпреварите во Лигата на нации,

Тимот на Зидан ќе брои вкупно 23 членови. Десна рака на новиот селектор повторно ќе биде неговиот долгогодишен соработник Давид Бетони, додека функцијата тренер на голмани му е доверена на легендарниот Фабиен Бартез.

Кондицискиот дел од тимот е засилен со доаѓањето на Артур Океде кој ќе работи заедно со советникот за стратегија и перформанси Грегори Дипон. Медицинскиот сектор, предводен од докторот Ерве Коладо, е засилен со масерот Филип Жамен и Серж Изидор. Нов шеф на прес-службата стана познатиот француски новинар Ксавие Жиродон, додека за логистиката и безбедноста е задолжен Мохамед Санхаџи.

Зидан и неговиот штаб ќе дебитираат на клупата на „Триколорите“ во згуснатиот септемвриски распоред во Лигата на нациите. Франција најпрво на 25 септември гостува кај репрезентацијата на Турција, а три дена подоцна (28 септември) ќе игра против Белгија. На почетокот на октомври ги очекуваат два домашни натпревари, против Италија на 2 октомври и реваншот со Белгија на 5 октомври.