Хамес Родригез со емотивна порака се прости од репрезентацијата (ВИДЕО)

Рекордерот по бројот на настапи за репрезентацијата на Колумбија, Хамес Родригез, одлучи да стави крај на своето играње за националниот тим.

Хамес досега настапи на 131 натпревар за Колумбија и е дел од незаборавната историја на оваа репрезентација. Се прости со порака на социјалните мрежи:

„Дојде тој момент. Ви благодарам за секој натпревар, секоја радост, секоја солза и секој сон што го споделивме. Да ги бранам боите на Колумбија беше едно од најголемите задоволства во мојот живот. Ти благодарам, Колумбијо. Засекогаш“, објави поранешниот фудбалер на Реал и Баерн Минхен.