
Голем кикс на Сити, не му дадоа гол на убедливо најслабиот тим во Премиер лигата!
Манчестер Сити со Арсенал се бори за второто место на табелата, но тимот на Пеп денеска не успеа да го победи најслабиот тим во лигата, Саутемптон кој има освоено само 12 бодови во лигата и веќе одамна испадна.
Граѓаните имаат два бода помалку од Арсенал, но и еден натпревар повеќе. Утре топчиите му гостуваат на Ливерпул.
Во останатите три меча кои се играа во овој термин, гостите победија на сите.
Евертон со 3-1 славеше во Лондон кај Фулам, Брентфорд со 1-0 победи кај Ипсвич, а Брајтон со 2-0 триумфираше кај Вулвс.