
Селта со играч помалку ја победи Севиља, им дадоа два гола со 10 фудбалери! (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен во 19. минута кога Мориба постигна одличен погодок за водство на Селта од 1-0.
Но, во судиското продолжение од првото полувреме Маркос Алонсо играше со рака, доби директен црвен картон и беше покажан пенал за Севиља. Гостите реализираа за 1-1.
Цело второ полувреме Селта го играше со фудбалер помалку, па логично беше дека Севиља е поблиску до победа, но не беше така.
Во 65. минута Мингуеза даде гол за водство на Селта од 2-1, а во 91. минута Иглесиас реализираше за 3-1.
До крајот на мечот Севиља успеа само да постигне уште еден го преку Салас за конечни 3-2.