
Majнц скокна до место за Европа, Фрајбург ќе чека услуга од Леверкузен за ЛШ!
Важни бодови денеска во борба за излез во Европа освои Мајнц кој ја прекина кризата со триумф од 1-4 против Бохум кој е последен на табелата и во натпреварот влезе без резултатски мотив.
Амири го отвори резултатот во судиското продолжение од првиот дел, додека во вториот дел стрелаа Мвене, Буркартд и Небел, единствениот гол за домаќините беше дело на Холтман во 84. минута.
Со овваа победа Мајнц ги прескокн Вердер и Лајпциг кој денеска во меѓусебниот натпревар ремизираа 0-0.
Важни бодови освои и Хајденхајм кој славеше над Унион Берлин со 1-3. Со овој триумф Хајденхајм си ги задржа шансите да дојде до 15-тата позиција каде што сега со два бода повеќе е Сент Паули.Ќе потсетиме, 16-тата позиција во Бундеслигата, носи во плеј-офот за опстанок.
Веќе испаднати се екипите на Бохум и Кил кој денес запиша уште еден пораз од Фрајбург со 1-2. Фрајбург е во борба со Борусија Дортмунд за место во Лигата на шампионите и сега тие се во „пол-позиција“ со четири бода повеќе, но „милионерите“ допрва треба да го играат својот натпревар од ова коло против Леверкузен.
Фото:FSV Mainz 05/FB