
Дојде денот: Синер излегува на терен, првпат по Австралија Опен
Во рамките на второто коло од Мастерсот во Рим, Италијанецот вечерва треба да се сретне со Навоне од Аргентина, моментно 99. на АТП листата. Со тоа завршува тримесечното отсуство од тенисот на Синер кој беше суспендиран затоа што лани, на Индијан Велс, во неговото тело било утврдено присуство на недозволената супстанца Клостебол.
Последниот официјален меч, Синер го одигра во финалето на Австралија Опен, на 26 јануари кога го победи Александер Зверев и ја освои втората титула на овој турнир, трета на Гренд слем турнирите во својата кариера.
Две недели подоцна стигна информацијата дека се договорил за тримесечна суспензија иако не се чувствува виновен бидејќи недозволената супстанца стигнала до него преку крема која ја користел неговиот физиотерапевт.