
Во Интер дури сега сфаќаат што направиле: Јамал, ти си чудовиште!
Интер своето место во финалето го обезбеди откако во двомечот ја елиминираше Барселона
„Дури сега почнувам да сфаќам каков неверојатен подвиг направивме во вторникот. Напорот што го вложивме на теренот беше огромен и сето тоа се исплатеше, па и повеќе од тоа, благодарение на незаборавната енергија од нашите навивачи. Благодарен сум на секој соиграч. Да се бориш рамо до рамо со вас е причината поради која секоја жртва од детството па до денес вредеше. Респект и за нашите противници, покажаа неверојатна сила и срце“, напиша Бастони на својот Инстаграм профил.
Бастони во својата објава истакна и посебна пофалба за тинејџерот на Барселона, Јамал.
„Морам посебно да истакнам едно момеч, Ламин Јамал, ти си чудовиште“, стои во пораката на дефанзивецот на „нераѕурите“.
Интер во финалето на 31. мај во Минхен ќе се соочи со екипата на ПСЖ која во полуфиналето беше подобра од Арсенал.
Фото: Barcelona FC/X