
Уште една трагедија ја погоди Србија: Загина фудбалер по удар од воз
Според информациите на српскиот портал „Спортал“, несреќата се случила во раните утрински часови кога Миловановиќ со автомобилот излетал од патот и се превртел. Во возилото поминал три часа, по што на него налетал воз. Обдукцијата треба да утврди точни детали за причините за несреќата и смртта на младиот спортист.
Миловановиќ како што пренесуваат медиумите важел за талентиран фудбалер кој подеднакво добро се снаоѓал и на големиот фудбалски терен и во футсалот. Својата кариера ја започна во младинската школа на Рад, а потоа играше за сениорските тимови на Вршац, Смедерево, Будуќност Крушик, Михајловац и ГСП Полет Дорчол.
Во негова чест, натпреварот од Српската лига на неговиот тим против Раднички од Нов Белград, кој требаше да се игра овој викенд, е откажан.
Фото: FK GSP Polet Dorćol/FB